• недела, 11 јануари 2026

Изборите во Гостивар без проблеми, две избирачки места не се отоврени 

Изборите во Гостивар без проблеми, две избирачки места не се отоврени 

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) - Изборниот процес на повторните избори за градоначалник течат нормално, без потешкотии, информира Општинската изборна комисија (ОИК) Гостивар. До 9 часот гласале 802 лица или 0,97 отсто од запишаните избирачи. 

-Сите избирачки места, 121, утрово беа отворени навреме освен две. Во селото Ќафа и Корита заради временските прилики уште избирачките одбори не се стигнати на време. Очекуваме во текот на денот во Корита да почне гласањето, рече Ајше Османи, потпретседател на Оик Гостивар.

Во Гостивар  со право на глас се 82 870 граѓани и гласаат на 121 избирачко место.

Вчера гласаа 143 лица. згм/мч/

Фото МИА

Остани поврзан